Responsive image
  • Д-Р ДАРКО ВЕЛЈАНОВСКИ

  • ул. 1 бб, Сопиште, Скопје
  • 02 2743 515   070 621 332
  •   Optimum Dental
  • MK/EN
 
 
 

    НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА ДЕНТАЛНИТЕ ИМПЛАНТИ

    ШТО Е ДЕНТАЛЕН ИМПЛАНТ?

    Имплантот е вештачка изработка што хируршки се поставува во коската на пациентот како замена за забниот корен, со цел врз него да биде изработена коронка, мост или дентална протеза.

    ДАЛИ ОРГАНИЗМОТ МОЖЕ ДА ГО ОТФРЛИ ПОСТАВЕНИОТ ИМПЛАНТ?

    Имплантите се изработени од т.н "биокомпатибилни" материјали (најчесто титаниумски легури), кои организмот не ги препознава како туѓи, па затоа тие со голем успех (над 90%) сраснуваат со коската на пациентот. Ако пациентот е генерално здрав, ако е поставен правилен план на терапија, ако се примени добра техника на имплантирање, шансите за "отфрлање" на имплантот се минимални.

    ЗОШТО ИМПЛАНТОТ Е ПОДОБАР ОД МОСТ?

    Имплантот е протетска изработка, замена за забниот корен, која се вградува во коската на пациентот на местото каде што недостасува заб (или заби). Соседните заби остануваат "недопрени". Мостот е протетска изработка кај која за да се надомести забот (или забите) што фали, соседните заби се стругаат (препарираат) за да се добијат забни трупчиња. Со тоа се одзема голем дел од забот, што е првиот недостаток на мостот. Вториот недостаток на мостот е постојаната можност од расипување (кариес) на стружените заби. Затоа мостот има потреба да се менува после неколку години, додека имплантите може да траат и цел животен век.

    ДАЛИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА ИМПЛАНТИ Е БОЛНА ПРОЦЕДУРА?

    Имплантите се поставуваат под локална анестезија. Затоа тоа е безболна процедура. Можно е наредните денови по имплантацијата пациентот да почувствува мала болка, дискомфорт или појава на оток, што се регулира со обичен аналгетик.

    КОЈА Е НАЈМЛАДАТА ВОЗРАСТ КОГА МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВИ ИМПЛАНТ?

    Имплантите безбедно може да бидат вградени кога е завршен коскениот раст и развој на пациентот, значи над 16 годишна возраст.

    КОЛКУ Е "ЖИВОТНИОТ ВЕК" НА ИМПЛАНТОТ?

    Имплантите имаат потенцијал да траат цел живот. Успехот зависи од неколку фактори :

    • добар план на терапија ( неопходни се детални анализи на состојбата преку клинички преглед, фотографии на пациентот и рентгенски снимки );
    • добро изведена интервенција од страна на стоматологот, согласно одреден протокол на работа;
    • беспрекорна орална хигиена и редовни прегледи, најпрво на 3 па потоа на 6 месеци.

    Ова е можеби најбитниот фактор за успех кој значи долг век на забниот имплант.

    ДАЛИ ПОСТАВАТА НА ИМПЛАНТИ БАРА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО УСТАТА?

    Кога состојбата на местото каде што се поставува имплант е добра, имплантот се поставува без никакви дополнителни интервенции. При имплантирањето не интересираат две работи : коската и мекото ткиво (непцето). За долгорочен успех се потребни двете. И коската и меките ткива, доколку е потребно, се зајакнуваат со вештачки биоматеријали или ткива земени од друго место во устата на пациентот.

    КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ЧЕКА ПО ВАДЕЊЕ НА ЗАБОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ИМПЛАНТ, А КОЛКУ ЗА ДА СЕ ДОБИЕ КОМПЛЕТНО ЗАБОТ ШТО НЕДОСТАСУВА?

    Имплантот може да се вгради веднаш по вадење на забот, тоа е т.н имедијатно имплантирање. Врз имплантот може и веднаш да се изработи привремена коронка. Но, имплантот може да се вгради и по вадењето, најрано по 4-6 недели. Местото на извадениот заб може да се припреми за идното имплантирање со вештачка коска или материјал земен од пациентот. Додека се чека да се изработи трајна коронка или мост врз имплантите, пациентот може да носи привремени изработки.

OPTIMUM DENTAL

ул. 1 бб, Сопиште, Скопје

тел: 02 2743 515   070 621 332

optimumdental@t-home.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

понеделник-петок 10:00-19:00

сабота 10:00-14:00

 
Copyright © 2015 Optimum Dental