Responsive image
  • Д-Р ДАРКО ВЕЛЈАНОВСКИ

  • ул. 1 бб, Сопиште, Скопје
  • 02 2743 515   070 621 332
  •   Optimum Dental
  • MK/EN
 
 
 

    ШТО СЕ ТОА ИМПАКТИРАНИ (ЗАГЛАВЕНИ) ЗАБИ ?

    Импактиран заб е оној заб кој останал заглавен при пробивањето на својот пат низ коската и меките ткива во устата. Најчесто тоа се умниците како заби кои последни никнуваат (во периодот од 17-21 година), потоа следат канините (кучешките заби), па преткатниците(премоларите) и останатите заби во устата.

    КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ИМПАКЦИЈА НА ЗАБИТЕ?

    Во најголемиот број случаи се работи за недостаток на простор во забниот лак од разни причини како и лоша позиционираност на неизникнатиот заб, потоа компактна препокривачка коска, цврсти меки ткива, генетичка абнормалност итн.

    КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ОД ИМПАКТИРАН ЗАБ?

    Responsive image

    Импактираните умници се многу честа појава во нашето секојдневие. Често тие се безболни и не предизвикуваат проблеми. Меѓутоа, со текот на времето може да доведат до пореметување во забниот лак и појава на збиеност. Полуимпактираниот заб, т.е забот кој делумно е во коска, е место каде заостанува храна и плак во меките ткива кои го опкружуваат. Тука, покрај можноста да се развие кариес, може да настане и воспаление означено како перикоронитис.

    Responsive image

    Перикоронитисот е проследен со следните симптоми:

    • непријатен здив;
    • отежнато отварање на устата (повремено);
    • болка;
    • црвенило и оток на меките ткива околу импактираниот заб;
    • болка и оток на лимфните јазли на вратот (повремено);
    • непријатен вкус во устата при гризање и притисок во таа регија;
    • истиснување на содржина од местото на импакција.

    КАКО СЕ ПОСТАВУВА ДИЈАГНОЗАТА И КОЈ Е ТРЕТМАНОТ?

    Дијагнозата се поставува со преглед во устата и со рентген снимка, најчесто панорамикс.

    Responsive image
    Responsive image

    Ако забот не предизвикува никакви проблеми, не е потребен третман.

    Аналгетиците и водичките за уста може да помогнат ако постои дискомфорт. Полуимпактираните умници кои имаат тенденција нормално да се постават во забниот низ, со мали интервенции може да се направи обид да се зачуваат во устата. Вообичаен третман на импактираните заби е вадење на забот од страна на орален хирург. Пред операцијата честопати се препишуваат антибиотици како заштита од инфекција.

    Responsive image

    Најсоодветно време за екстракција на умниците е пред 20-тата година, бидејќи корените на забот не се комплетно развиени и тоа овозможува лесна екстракција и заздравување. Самата интервенција се врши под локална анестезија и е безболна. На пациентот му се даваат упатства за постоперативниот период, а по 7 дена доаѓа за вадење на конците.

OPTIMUM DENTAL

ул. 1 бб, Сопиште, Скопје

тел: 02 2743 515   070 621 332

optimumdental@t-home.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

понеделник-петок 10:00-19:00

сабота 10:00-14:00

 
Copyright © 2015 Optimum Dental