Responsive image
  • Д-Р ДАРКО ВЕЛЈАНОВСКИ

  • ул. 1 бб, Сопиште, Скопје
  • 02 2743 515   070 621 332
  •   Optimum Dental
  • MK/EN
 
 
 

    ЕНДОДОНТСКИ ТРЕТМАН – ТРЕТМАН НА КОРЕНСКИОТ КАНАЛ ШТО ГО СПАСУВА ЗАБОТ

    За да се разбере процедурата на ендодонтски третман, од голема помош е да се има претстава за анатомијата на забот. Во внатрешноста на забот, под глеѓта и уште едно цврсто забно ткиво наречено дентин, се наоѓа меко ткиво – пулпа. Пулпата содржи крвни садови, нерви и сврзно ткиво.

    Responsive image

    Ендодонтскиот третман е неопходен кога пулпата е воспалена или инфицирана. Причините за воспаление или инфекција може да бидат различни :

    • длабок кариес;
    • повторувани стоматолошки процедури на забот;
    • дефектни полнења;
    • оштетување на забот како резултат на траума (на пример пад).

    Доколу воспалението или инфекцијата на пулпата остане нетретирана може да доведе до појава на болка, а понатаму и оток како симптом на т.н дентален абсцес.

    Responsive image

    КАКО ЕНДОДОНТСКИОТ ТРЕТМАН ГО СПАСУВА ЗАБОТ?

    Со ендодонтскиот третман пулпата се отстранува и внатрешноста на забот внимателно се чисти и дезинфицира, а потоа се полни и запечатува со гумест материјал наречен гутаперка. Потоа, забот се реставрира со пломба или коронка за заштита. По реставрирањето забот продолжува да функционира како било кој друг заб во устата.

    Responsive image

    Во зависнот од состојбата на забот и околностите на пациентот, ендодонтскиот третман најчесто бара неколку посети до комплетно завршување.


    Зачувувањето на природниот заб со ендодотски третман има многу предности :

    • ефикасно џвакање;
    • нормална џвакална сила и сензација во устата;
    • нормален изглед;
    • заштита на останатите заби од прекумерно трошење.

    Со соодветна грижа повеќето заби кои се ендодонтски третирани може да траат како и природните заби и често цел животен век.

    Responsive image

OPTIMUM DENTAL

ул. 1 бб, Сопиште, Скопје

тел: 02 2743 515   070 621 332

optimumdental@t-home.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

понеделник-петок 10:00-19:00

сабота 10:00-14:00

 
Copyright © 2015 Optimum Dental